Се поголемо е црвено-црното семејство, во Ракометната академија на Вардар, на почетокот на новата сезона во “Јуниор“лигата се приклучи и нова школа. Станува збор за „РК Карпош-Вардар од Куманово. Тимот на РК Карпош ќе им понуди можност на најмладите кумановчани да се вклучат во ракометната еуфорија што владее последниве неколку децении. Дел од оваа ракометна школа е Теодора Златановска, која ќе не запознае со нејзините почетоци во овој спорт и ќе ни ги пренесе импресиите од настапите во “Јуниор“ лигата.
-Желбата за ракомет кај мене се појави уште од најраната возраст. Јас почнав да играм ракомет пред три години, бев многу упорна и имав голема желба да напредувам во овој спорт. Имаме позитивна атмосфера, сите се дружиме меѓусебно, приватно и на тренинзите. Наши тренери се Миодраг Јовановски-Црни, Љубиша Димковски, Александар Јанчиќ и Наташа Ѓорѓевиќ (Младеновска). Ние имаме навистина среќа што работиме со нив , тие нивното знаење се трудат да го пренесат на нас.
“Јуниор“ лигата е од голема важност за сите оние кои сакаат во иднина да се занимаваат со ракометот.
-Јуниор лигата секако дека има големо значење, се дружиме меѓу себе, контактираме и со девојчиња од други екипи , а исто така позитивно е тоа што имаме каде да покажеме колку сме научиле, и од натпревар во натпревар се повеќе да напредуваме како играчи.
Веќе се одиграа шест кола во “Јуниор лигата“, а Златановска ги сумира постигнатите резултати.
-Овие шест кола во Јуниор лигата се натпреварувавме и постигнавме солидни резултати. Игравме тимски и пожртвувано како вистинска екипа. Јас сум презадоволна од успехот и постигнатите резултати на нашата екипа.
Желба на секој млад спортист е еден ден да заигра за најголемиот клуб во Македонија.
-Мојата желба и цел е да бидам најдобра во овој спорт и еден ден да станам дел од младинските екипи на РК Вардар