Екипата на Фк Вардар генерација 2002 предводени од тренерот Павел Неделковски одиграа пријателски натпревар против екипата на Нова Колонија,на која остварија убедлива победа од 7:0.Натпреварот се играше по 25 минути во двете полувремиња.На овој дуел дури пет пати во листата на стрелците се запиша Марио Илиевски, а два гола постигна и Леонид Игњатов. Натпреварот се одигра на помошното вештачко игралиште на Вардар.