Продолжи денес ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите од шесттото коло и тоа сите мечеви се играа на Кале. Во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 се одиграа два натпревари. Победи остварија екипите на Опш.Кисела Вода-Вардар 3 и РК Кале Вардар.
Прилепската екипа прва го отвори резултатот за водство од 1:0, но врати Кисела Вода со два гола за предност од 1:2, што беше и резултат и по првото полувреме. Во вториот дел се играше гол за гол и резултатот беше израмнет 4:4. Сепак финишот им припадна на Кисела Вода кои постигнаа два гола и славеа со резултат 4:6.
Робертина Миладиноска постигна 2 и Исидора Котевска 1 гол кај РК Филип. Кај победничкиот тим Миа Ѓурчиноска беше стрелец на 3 погодоци.
Во вториот меч, РК Кале Вардар беше убедлив во дуелот со РК Филип-Вардар. Резултатот на овој дуел гласеше убедливо во корист на екипата на Кичево. Уште на стартот Кале се одлепи резултатски на 1:5, во следниот напад намали РК Филип на 2:5, но до крајот на првиот дел, Кале направи нова серија од 0:5 и на полувреме замина со предност од 2:10. Серијата продолжи и во вториот дел, кога екипата од Кичево броеше до 2:19. На крајот РК Филип Вардар постигна два гола, за конечни 4:19. Кај победничкиот тим Симона Дамјаноска постигна 8 гола.