Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Цветковска: Задоволството да се биде еден од лидерите во екипата по постигнати голови е огромно, но секако тоа повлекува и голема одговорност во иднина
Ива Цветковска: Задоволството да се биде еден од лидерите во екипата по постигнати голови е огромно, но секако тоа повлекува и голема одговорност во иднина

Ива Цветковска: Задоволството да се биде еден од лидерите во екипата по постигнати голови е огромно, но секако тоа повлекува и голема одговорност во иднина

Кадетките на ракометниот клуб Вардар СЦЈС го завршија првиот дел од сезоната на првото место, во својата кадетска група 2. Во конкуренција на шест екипи, нашите надежи остварија пет победи од исто толку одиграни натпревари и заслужено се наоѓаат на врвот на табелата во оваа група. Во следново интервју ве запознаваме со членот на кадетките Ива Цветковска, која е една од подобрите играчи во овој состав предводен од Анжела Платон.

1. Од каде произлезе љубовта кон овој спорт и кога беа вашите први почетоци во ракометот ?

-Од секогаш ме привлекувале игрите со топка, поради тоа уште на 6 годишна возраст моите родители решија за прв пат да ме запознаат со ракометот со тоа што ме однесоа да присуствувам на еден од тренинзите на РК Илинден. Пријателскиот пристап на тренерите на клубот и нивното настојување да почнам да се занимавам со овој спорт беше показател дека го препознаа талентот во мене. Благодарение на нивните заложби ги изучував основите на ракометот и се надградував при што во мене се роди љубовта кон овој спорт и желбата за успеси.

2. Ова е твоја трета сезона во црвено-црниот дрес. Како се прилагоди во новата средина и клуб ?

-Да ова е моја трета сезона во клубот Вардар и уште од моето прво доаѓање бев одлично прифатена од тренерот Анжела Платон и од целата екипа така што воопшто не ми беше тешко да се прилагодам на новата средина.

3. Во првиот дел од сезоната го освоивте првото место во својата група со максимален број на освоени бодови. Една твоја анализа за изминатата полусезона и колку сте задоволна од постигнатите резултати ?

-Со самото тоа што во првиот дел од сезоната сме најдобри во нашата група укажува на нашата подготвеност и ефикасност и искрено се надевам и верувам дека ќе успееме да го задржиме лидерското место и во пролетниот дел од лигата.

4. Според статистиката вие сте трет најдобар стрелец на кадетките на Вардар во првиот дел од натпреварувачката сезона со 26 голови. Колку значи ова за вас да бидете еден од лидерите на екипата ?

iva

-Задоволството да се биде еден од лидерите во екипата по постигнати голови е огромно, но секако тоа повлекува и голема одговорност во понатамошното натпреварување бидејќи досега достигнатото треба да се оправда, а и да се работи напорно за да се постигнат уште подобри резултати.

5. Што може да очекуваме од кадетките на Вардар во пролетниот дел од сезоната ?

-Како што спомнав претходно ќе работиме уште понапорно за да го докажеме досегашниот успех, се стремиме да покажеме подобра игра и да бидеме најдобри.

6. Во јануари ќе се организира третото издание на турнирот “Вардар, еден живот една љубов“. Кое е вашето мислењее за оваа организација на ракометниот клуб Вардар.

-Мислам дека од година во година турнирот добива на квалитет, сите екипи кои учествуваат се се подобри и одлично е што се организира бидејќи на младите играчи им требат што повеќе натпревари за да си го проверат своето знаење и да се стекнат со нови искутва.

6. Каде Ива се гледа во иднина, дали сте размислувале на оваа тема ?

-Ако се гледа некој хронолошки редослед најпрво би сакала да играм за кадетската репрезентација, а со текот на годините да успеам да заиграм во првиот тим на Вардар како и да ги бранам боите на мојата држава како репрезентативка на Македонија

Звонко Ивановски