Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стартуваше турнирот “Трофеј Белград“, две победи за кадетките на РК Вардар, Диневска имаше свој ден
Стартуваше турнирот “Трофеј Белград“, две победи за кадетките на РК Вардар, Диневска имаше свој ден

Стартуваше турнирот “Трофеј Белград“, две победи за кадетките на РК Вардар, Диневска имаше свој ден

Кадетките на ракометниот клуб Вардар со две победи стартуваа на 13-тото издание на турниот “Трофеј Белград“. Денес избраничките на Анжела Платон ги стартуваа натпреварите на овој турнир и забележаа две победи.

На првиот натпревар од групната фаза се сретнавме со екипата на Рудар, која ја совладавме со резултат 18:12. Во текот на целиот меч имавме постојано водство и контрола на резултатот. По првото полувреме имавме солидно водство од 9:4 и најавивме дека на крајот ние ќе ги освоиме бодовите. Противникот пружаше отпор во првите пет минути, кога резултатот на семафорот гласеше 3:3. Од тој момент следи серија на црвено-црните од 4:0, за прво поосетливо водство од 7:3. Во вториот дел се одржуваше оваа разлика и на десет минути пред крај имавме водство од 12:6. Вардарки не му дозволија на противникот да се доближи резултатски и на крајот заслужено победивме со  резултат 18:12. Бојана Диневеска беше најефикасна со 4 голови, Марија Дамовска, Ива Цветковска и Ивана Блажевска постигнаа по 3. Два гола беа дело на Јована Величковска, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Клара Трајковска, Тамара Паланковска и Елена Ивановска.

15781322_10154857078649591_8533485077235804122_n

Вториот натпревар на кој се сретнавме со екипата на Авала беше понеизвесен и поинтерсен. Во текот на првото полувреме имавме на два пати водство од два гола (3:1) и (4:2), но до крајот на полувреме се замина со нерешен резултат од 6:6. Сепак во вториот дел, нашите кадетки предводени од одличната Бојана Диневска успеа да го скрши отпорот на противникот и на крајот да слави со резултат 16:13. Најпрво на стартот на вториот дел поведовме со 10:8, водство кое го зачувавме до самиот крај. Диневска беше нерешлива енигма за екипата на Авала, нашето крило го заврши мечот со 8 голови од исто толку упатени удари кон противничкиот гол. Марија Дамовска беше втор стрелец со 3 погодоци. Марија Танчева и Ива Цветковска постигнаа по 2.

Избраничките на Платон и Кузмановска имаа т големи шанси да се пласираат во полуфиналето, кое треба да го потврдат во текот на утрешниот ден. Во последното коло од групата се среќаваме со екипата на Јуниор.