Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Аџиќ: Натпреварите со Вардар ќе бидат пеколно тешки
Аџиќ: Натпреварите со Вардар ќе бидат пеколно тешки

Аџиќ: Натпреварите со Вардар ќе бидат пеколно тешки

Мечевите  помеѓу Будуќност и Вардар во било која прилика  се вистинско балканско, но и европско дерби. Овие два тима во идниот  месец, јануари  дури два пати ќе се сретнат, еднаш во регионалната и еднаш во шампионската лига.  Првин меч ќе се игра  во возобновената Регионална лига, а вториот во ЕХФ Лигата на шампионите. Тренерот на црнагорките, Аџиќ за овие два меча за медиумите вели:

Идниот месец, јануари  многу тежок и  ќе видиме колку се девојките подготвени. Без разлика на тоа дека ЖРК Вардар е појачан  со неколку нови ракометарки во однос на  минатиот фајнл-фор од ЕХФ Лигата на шампионите, ние пред сè ќе се позанимаваме со двата порази од нив,  тие неуспеси беа последица на нашите слаби игри. Тоа ќе бидат пеколно тешки дуели. За нас  охрабрувачки е податокот за тоа дека Драгана Цвијиќ, по пауза од неколку месеци ќе  биде на располагање и ќе биде на располагање за мечевите со Вардар. Таа  е во добра состојба и се забележува дека била вредна по прашањето околу телесната тежина.