Tuesday ,11 March 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Наташа Нолевска е најдобар стрелец за ЖРК Вардар СЦЈС во првиот дел од сезоната
Наташа Нолевска е најдобар стрелец за ЖРК Вардар СЦЈС во првиот дел од сезоната

Наташа Нолевска е најдобар стрелец за ЖРК Вардар СЦЈС во првиот дел од сезоната

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС го финишираше првиот дел од сезоната во најсилната супер лига на второто место. Овој млад состав предводен од тренерскиот тандем, Симовски-Царчев забележа десет победи и два порази. Исто така се пласираа во следната рунда на Челинџ купот, каде за противник ќе имаат екипа која доаѓа од Шведска.

Што се однесува до листата на стрелци неа ја предводи крилото Наташа Нолевска со 63 погодоци, втора е капитенот Маја Трпковска, додека третата позиција ја зазема Клаудија Ѓеоргиевска. Бројот на погодоци е во рамките на натпреварите од супер лигата.

1. Наташа Нолевска  63

2. Маја Трпковска  41

3. Клаудија Ѓеоргиевска  39

4. Теодора Керамитчиева  38

5. Марија Прленда   34

6. Сара Митова   29

7. Симона Стојановска   26

8. Нина Бојаџиска  20

9. Ангела Тодоровска и Леонида Гичевска по 12 голови

10. Анастасија Николовска и Ива Божиноска по 11

11. Стефанија Мишевска и Сара Николовска по 9

12. Моника Георгиевска  7

13. Ања Велкова и Ана Станиќеска по 4