Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мила Мемов: “Јуниор“ лигата ни дава можност да го покажеме тоа што сме го научиле и да го реализираме низ игра
Мила Мемов: “Јуниор“ лигата ни дава можност да го покажеме тоа што сме го научиле и да го реализираме низ игра

Мила Мемов: “Јуниор“ лигата ни дава можност да го покажеме тоа што сме го научиле и да го реализираме низ игра

Веќе се покажува дека големиот проект со ракометните школи низ земјава кој влегоа во големото црвено-црно семејсво ги дава првите резултати. Нивниот настап во Јуниор лигата овозможи напредок и голема шанса за надоградување на младите ракометни надежи со нови знаења и шанса да бидат препознаени и регрутирани за тимовите на Вардар. Во дебитантската година, лигата покажа задоволство кај сите учесници од нејзината организација. Можност да бидат дел од “Јуниор“ лигата имаа повеќе од 22 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од академијата на ракометниот клуб Вардар. Една од нив е РК Кастратовиќ за која настапува Мила Мемов од генерацијата 2004/05. Ве запознаваме во следново интервју со Мила.

1. Како се случи да се занимавате со ракомет и кога беа вашите први почетоци ?

-Тоа се случи многу едноставно, бев помалечка и имав неполни шест години. Шетајки се заедно со моите родители на кејот на Вардар во населбата Аеродром со љубов ги гледав ракометарките како имаат припреми со тренерот на РК Кастратовиќ, Индира Кастратовиќ. Моите родители на мое инсистирање поразговараа со Индира и ме запишаа во РК Кастратовиќ и од тогаш до сега тренирам активно ракомет.

vardarfans-mila-memov

2. Дел сте од ракометната школа, РК Кастратовиќ-Вардар. Како е да се бидел дел од оваа школа ?

-Нашата школа Рк Кастратовиќ функционира супериорно, благодарение на нашиот тренер Здравка Дамовска која е премногу посветена на нас, дава се од себе на секој тренинг што го имаме, пожртвувана е пред се да се изградиме како личности, тимскит дух да владее во тимот и никогаш да не се откажуваме. Тоа се должи и на нашите досегашни резултати. Тимскиот дух го краси и натрпеварот со нашите мајки кој се одржа на 28.12.2016 година и мислам дека одиграната утактица ќе прерасне во традиција.

3. Кое е вашето мислење за проектот “Јуниор“ лигата и колку истиот има значење за вас младите ?

-“Јуниор лигата“ е идеална можност да се натпреваруваме каде што има многу натпревари како во Скопје така и во другите градови, се запознаваме, се дружиме, градиме другарства, учиме и од другите тимови. Секоја утакмица е ново доживување, нов предизвик, кој треба да го совладаме како тим. Значително на овој проект за мене и мојот клуб е од голема значајност, пред се ни дава можност да се натпреваруваме во текот на целата година, да се дружиме а воедно и да се изградиме како личности. Ни дава можност да го покажеме тоа што сме го научиле и да го реализираме низ игра.

vardarfans-naslovna

4. Заврши првиот дел од сезоната во “Јуниор“ лигата. Какви се вашите резултати и колку сте задоволни од прикажаните игри на твојата екипа ?

-За нашата игра можам да кажам дека сме сите добро усогласени, несебични, тренираме три пати во неделата, правиме грешки и учиме од нив, до сега сме на прво место по одиграни шест натпревари. Оваа година се надевам дека ќе го освоиме првото место во “Јуниор лигата“ во генерација 2004/2005 година како и турнирот на “Еден живот-Една љубов“ каде ќе го браниме првото место од минатата година.

5. Што е највпечатливо на натпреварите од “Јуниор“ лигата ?

-Највпечатливо во оваа лига е покрај натпреварите што ги имаме еднаш во неделата и тренинзи три пати во неделата генерација 2004/2005 година сите сме одлични ученици во училиште. Желбата за постигнување на победа, добивање на поголемо искуство од натпревар во натпревар и најдобрите од сите нас можат да влезат во селекцијата на академија Вардар.

15934688_1642565306044513_1647286549_n

6. Дали имате зацртано некоја цел, преку настапите во ова натпреварување ?

-Спортот не само за мене, туку и за моето семејство претставува начин на живот. Мојата цел преку настапите на јуниор лигата е да можам да придонесам добри резултати, да се стекнам со поголемо искуство и секако мој желба и моја цел е еден ден да се видам во сениорскиот тим на ЖРК Вардар.

Звонко Ивановски