Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Будуќност и Крим Меркатор, загревање за Вардарки во пресрет на продолжување на натпреварите од ЛШ
Будуќност и Крим Меркатор, загревање за Вардарки во пресрет на продолжување на натпреварите од ЛШ

Будуќност и Крим Меркатор, загревање за Вардарки во пресрет на продолжување на натпреварите од ЛШ

Ракометарките на Вардар утре заминуваат за Подгорица, каде претстојниов викенд ќе го одиграат првиот турнир во новоформираната регионална лига. На него ќе настапат екипите на Вардар, Будуќност, Подравка и Крим. Ова ќе биде само подготовка за предизвиците кои на крајот на месецов ни претстојат во главната рунда од лигата на шампиони.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала “Верде“ во Подгорица, а влезот за сите натпревари ќе биде бесплатен. Во сабота, црвено-црните за противник го имаат тимот на Будуќност. Овој натпревар ќе се одигра 18:30 часот и ќе претставува само загревање за главниот меч кој ги очекува за 17 дена повторно во Подгорица, каде двете екипи ќе се сретнат во рамките на првото коло од новоформираната група 1. Противник кој ни е добра познат, за кој не треба да се трошат многу зборови.

Во недела го играме вториот натпревар од 16 часот, против екипата на Крим Меркатор. Се работи исто така за квалитетна екипа, која успеа да продолжи во следната фаза од лигата на шампиони. Во првата групна фаза од најголемото ракометно натпрварување, шампионот на Словенија го освои првото место, совладувајќи екипи како Ларвик, Есбјерг и Савехоф. Во Крим Меркатор настапува и поранешната Македонска репрезентативка, Мирјета Бајрамовска која важи за една од подобрите играчи на тимот од Словенија. Крим е повеќегодишен шампион на оваа земја, составен претежно од домашни ракометарки, со неколку интернационални засилувања од Хрватска, Франција и Србија.Како и да е не очекуваат интересни натпревари, кои ќе бидат од големо значење за нашиот состав, во пресрет на продолжување на настапите во лигата на шампиони. Со исклучок на Ина Суслина, Вардар би требало да биде комплетен на гостувањето во Подгорица, во рамките на првиот турнир од регионалната лига.