Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Теодора Николова: “Јуниор лигата“ е многу важна за Македонскиот ракомет, затоа што се повеќе деца се запишуваат и изборот на играчи е поголем
Теодора Николова: “Јуниор лигата“ е многу важна за Македонскиот ракомет, затоа што се повеќе деца се запишуваат и изборот на играчи е поголем

Теодора Николова: “Јуниор лигата“ е многу важна за Македонскиот ракомет, затоа што се повеќе деца се запишуваат и изборот на играчи е поголем

Дефинитивно најновиот проект на ракометниот клуб Вардар донесе новитети во Македонија за сите деца кои сакаат да се занимаваат со ракомет. Со “Јуниор лигата“ се зголеми интересот за играње ракомет, а токму ова натпреварување им ја исполнува желбата на сите да започнат да се занимаваат со овој спорт. Целта е да се обединат сите ракометни школи од цела Македонија во една лига, а најдобрите играчи да бидат дел од ракометниот клуб Вардар. Истите тие утре можат да бидат и предводници на репрезентацијата кои ќе придонесуваат за големи успеси на европските и светски првенства. Сите услови да бидат тоа што сега го сонуваат, го имаат токму преку Јуниор лигата, која е во целосна организација на најголемиот клуб во Македонија. Дел од неа е Теодора Николова кој настапува за РК Кузман.

-Со ракомет почнав да се занимавам пред две години. Ракометот како спорт многу ми се допаѓа и многу го сакам. Во нашиот клуб ние функционираме одлично задоволна сум од меѓусебниот однос навистина владее љубов, почитување и разбирање, тоа може да се види и во текот на натпреварот без разлика дали ние губиме или сме во предност, секогаш сме сложни и се подржуваме една со друга. На тренинзите се трудиме секоја од нас да го покаже најдоброто од себе.

Со Јуниор лигата се зголеми интересот за ракомет во Македонија и се поголем број на деца се одлучуваат за овој спорт.

о подржувам проектов и мислам дека навистина е добар потег пред се затоа што секој од нас може да ги покаже своите способности, квалитети, да запознае пријатели, стекнува искуство и да се изгради како личност. Проектов е многу важен и за Македонскиот ракомет затоа што се повеќе деца се запишуваат и изборот на играчи е поголем.

Заврши есенскиот дел во “Јуниор“ лигата, следниот предизвик за сите учесници е турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, кој стартува овој викенд.

-Ние сме на четвртото место на табелата и не сум задоволна од досегашните резултати, затоа што сметам дека можеме многу повеќе ќе се потрудиме да го докажеме тоа уште на турниров и очекувам да играме во финале.

Звонко Ивановски