Вечерва во Подгорица, Црна Гора избраничките на Камара дојдоа до победа на вториот меч од Регионалната лига. Во натпреварот против екипата на Крим Меркатор црвено-црните девојки триумфираа со резултат 38-29 (19-13).
Нашиот противник екипата на Крим Меркатор беше рамноправна во овој дуел само 15 минути од мечот. На средината од првиот дел екипата на Крим успеа да израмни на 6-6 по што следуваше наша серија за водство 8-7. Следеше фуриозен период за нас и серија од 5-0 со која дојдовме до водство 13-7. Двете екипи потоа играа гол за гол постигнувајќи по шест гола, на одмор имавме предност од 19-13. Вториот дел беше однапред решен, Камара реши да комбинира и да игра со играчи од клупата давајќи им шанса на поголем дел од ростерот. Одлични бевме во двата дуела во Регионалната ВРХЛ лига која служат за воигрување. Следно за нас се две недели тренирање, па на крајот на јануари повторно патуваме во Подгорица, на важно гостување Главната фаза од Лигата на шампионите. Најдобар стрелец вечерва беше Херем со 9 гола, апак Јованка Радичевиќ постигна 6 гола.
ВАРДАР: Радичевиќ 6, Кликовац, Херем 9, Мавсар 2, Дамњановиќ 6, Лејно, Лазовиќ 4, Алтхаус 2, Илина, Пенезиќ 1, Човиќ 1, Лакрабер 2, Хмирова 2, Лекиќ 2, Песоа, Ристовска 1.