Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Николовска-иднината на Жрк Вардар
Анастасија Николовска-иднината на Жрк Вардар

Анастасија Николовска-иднината на Жрк Вардар

Анастасија има 16 години и настапува за кадетската и младинската екипа на Жрк Вардар. Желбата за ракомет се раѓа кога еден ден ја гледа школската екипа како игра натпревар, во рамките на ракометната секција во нејзиното основно училиште. Нејзиниот прв впечаток е со мислата дека овој спорт е премногу интересен и лесен. Ги известува своите родители дека сака да тренира ракомет. Тие и ја даваат нивната целосна подршка.

На полни единаесет години се запишува да тренира во ракометната школа на Кастратовиќ. Три години тренира под водство на Зоран и Индира Кастратовиќ, и нејзиниот моментален помошен тренер Билјана Пецевска. Потоа се прави мала селекција, и неколку девојчиња меѓу кои и Анастасија преминуваат во екипата на Вардар. Веќе трета година го носи црвено-црниот дрес и со чест и гордост ги брани боите на клубот.

11106364_435075936658412_1421846757_n

Во 2013 година добива големо признание од опшина Кисела Вода, кога е избрана за најдобар спортист на годината. Напорната работа и труд се повеќе доѓаат до израз. На турнирот Вардар-“еден живот, една љубов“, Анастасија е избрана во идеалниот тим, каде ја понесува наградата за најдобро лево крило. Може да игра и на позицијата среден бек, но нејзината природна позиција е лево крило. Со нејзините 16 години веќе има запишано зад нејиното име и пет настапи за првата екипа на Жрк Вардар. Нејзините квалитети и добрите настапи за младите категории ги препознава и Индира Кастратовиќ која и дава шанса да игра покрај врвни имиња во првиот тим. Минатата сезона на три натпревари играше за првата екипа, која продолжи и во оваа сезона. На мечот со Жито Прилеп во Супер-лигата беше четврти стрелец во друштво на една Кликовац, Дембеле, Ихнева и.т.н.

Анастасија се наоѓа и на поширокиот список на селекторот на Македонската кадетска репрезентација, Јулијана Дамчевска. Подготовките се во рамките на Европското првенство за кадетски, што во месец август ќе се одржи во нашиот главен град Скопје. Несоменено се работи за голем потенцијал на Вардар и Македонскиот ракомет, чие време допрва доаѓа.

Звонко Ивановски