Заврши целосно “Вардар, еден живот, една љубов“. Одлично е завршен овој голем мега-проект кој опфати над 1200 деца. По крајот на мечевите за третто место и финалињата кај момците и девојките во генерација 2004/2005 беа доделени пехарите. Манифестацијата на доделување ја водеше една од најзаслужните личности за успешна реализација на овој мега-настан Марија Папуџиева. Таа ги повика капитените на тимовите да ги примат пехарите за првите три места. Кај момците “златен“ РК Бисинов, второ место беа ГРК Гостивар, “бронза“ за Илинден и четврти беа РК Карпош. Кај дамите РК Кале освои злато, “сребро“ за Кастратовиќ-1, трети беа РК Ново Лисиче, а четврти беа Кастратовиќ-2. Браво за целиот тим на Вардар кој успешно го реализира ова.