Веќе зад нас е зимскиот турнир “Вардар-еден живот, една љубов“ на кој настапија регоналните школи на црвено-црните кои фунционираат низ цела република. Следно што не очекува е продолжетокот на Вардар Јуниор лигата т.е. нејзиниот пролетен дел. Регионалната единица од градот Прилеп ракометната вардарова школа РК Филип Вардар работи “под полна пареа“. Нејзиниот предводник Александар Таневски и остатокот од стручниот тим работат на подготовка на дечињата за возбудувањата во пролетната полу-етапа во Јуниор лигата.
Фотографии од нивните подготовки кои се одржуваат во Прилеп ќе може да погледнете во продолжение во следната галерија>>>