Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го “напаѓаат“ Турингер и осмата последователна победа во ЛШ
Вардарки го “напаѓаат“ Турингер и осмата последователна победа во ЛШ

Вардарки го “напаѓаат“ Турингер и осмата последователна победа во ЛШ

Екипата на ЖРК Вардар е во потрага по нова осма последователна победа во лигата на шампиони. Денес избраничките на Давид Дејвис ќе гостуваат во Германија на екипата на Турингер.

Со денешниот противник досега сме одиграле четири натпревари, на кои сме забележале две победи, еден нерешен резултат додека еден меч им припаднал на противникот. Победата и нерешениот резултат се токму на теренот каде денес ќе се одигра натпреварот. Отука и претпазливоста во нашиот табор во пресрет на овој дуел. Најголема опасност кон нашиот гол ќе доаѓа од Чешката репрезентативка, Ивета Лузумова која има постигнато 36 голови, додека втор најдобар стрелец е Мано Хуете со 28 голови. Во првенството на Германија, екипата на Турингер се наоѓа на третото место, каде има забележано 11 победи и 2 порази. Во новоформираната група екипата на Турингер пред одигрување на ова коло се наоѓа на петтото место со 4 освоени бодови и е во борба со екипата на Мец за она четврто место на табелата кое води во четврфиналето. Во главната рунда екипата на Турингер забележа една победа против Астраханочка и пораз од тимот на ФТЦ Будимпешта. Екипата ја сочнуваат претежно интернационалки, иако имаат и играчи и од својата земја.

Тренерот Давид Дејвис нема проблеми околу составувањето на екипата и може да смета на сите играчи. Победа Вардар го остава на првото место и се поблиску до врвот, а со тоа и полесен противник во четврфиналето. Натпреварот започнува од 14 часот со директен пренос на МРТ-1.