Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ се врати по повредата и со своите игри потсетува на првата сезона кога пристигна во Вардар
Андреа Лекиќ се врати по повредата и со своите игри потсетува на првата сезона кога пристигна во Вардар

Андреа Лекиќ се врати по повредата и со своите игри потсетува на првата сезона кога пристигна во Вардар

Андреа Лекиќ веќе четврта сезона е во екипата на ЖРК Вардар и е еден од најдобрите стрелци на нашиот шампион во изминативе сезони. Таа пристигна во првата година откако клубот го превзема Сергеј Самсоненко и набрзина станаа миленици на публиката. Лекиќ на крајот од минатата сезона, веднаш по одигрување на завршниот турнир во Будимпешта на кој нашиот тим го освои третото место, замина на операција во Финска каде и беше направен хируршки зафат на ахиловата тетива. На почетокот на новата сезона се врати на тренинзите но беше под посебен тренажен процец, поради што ги пропушти првите три натпревари во лигата на шампиони. Својот прв меч во новата натпреврувачка сезона, Лекиќ го одигра на домашен терен против екипата на Астраханочка, на кој Андреа постигна три погодоци и најави успешно враќање на теренот.

Нејзините голови се повеќе од неопходни за Вардар кој оваа сезона ќе се обиде да стигне до европската титула. Како се ближи нов натпревар, миленичката на Вардаровата публика игра се подобро а одличната форма ја потврди и на последниот меч одигран во Германија, против екипата на Турингер на кој забележавме триумф кој беше осми во низа. Имаше перфектно издание и на гостувањата во Будимпешта и Подгорица, каде на натпреварите против ФТЦ и Будуќност постигнуваше по седум голови.

Моментално е трет најдобар стрелец во Вардар, но само со шест одиграни натпревари. Зад нејзиното име има запишано 32 погодоци со кои го зазема 24 место на најдобри стрелци во лигата на шампиони. Нејзините игри потсетуваат на првата сезона кога успеа до сега да постигне и најмногу погодоци во црвено-црниот дрес. Таа денес го продолжи договорот со црвено-црните до летото 2019 година, односно за две нови години бидејќи актуелниот и завршуваше ова лето.