Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нов едногодишен договор за Лакрабер
Нов едногодишен договор за  Лакрабер

Нов едногодишен договор за Лакрабер

Уште една убава вест за градењето на ЖРК Вардар за следната сезона 2017/2018, француската интернационалка Александра Лакрабер и Вардар договорија нова едногодишна соработка. Десниот бек е шеста ракометарка што од сегашниот состав на Вардар што реши да остане во Скопје и понатаму, откако тоа го сторија веќе Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ, Андреа Кликовац и Татјана Хмирова. Најважно е дека екипата го задржа костурот.  Давор Стојановски, извршниот директор на Вардар за ова вели:

Тимот што и досега ни носеше радост ќе остане во Скопје, и убедени сме дека ќе покаже уште повеќе од она што како клуб и играчи го постигнаа. Имаме заедничка цел која е блиску до остварување, и веруваме во квалитетот на сите оние што се дел од нашето семејство. Среќни сме што и тие го препознаваат Вардар како свој дом и место во кое можат да бидат високо на европскиот врв. Овој спортски колектив е меѓу најдобрите во Европа, и сакаме да го задржиме континуитетот во добрите резултати, и да одиме чекор понапред.