Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Девојките на РК Ново Лисиче и РК Опш.К.Вода дојдоа до победи на стартот на 8.коло
Јуниор лига: Девојките на РК Ново Лисиче и РК Опш.К.Вода дојдоа до победи на стартот на 8.коло

Јуниор лига: Девојките на РК Ново Лисиче и РК Опш.К.Вода дојдоа до победи на стартот на 8.коло

Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ почна 8.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Први се одиграа мечевите кај девојките во генерација 2002/2003. Во истите до победи дојдоа екипите на  РК Ново Лисиче Вардар и РК Општина Кисела Вода.

Во првиот дуел кој може да кажеме дека беше дерби на денот екипата на РК Ново Лисиче Вардар триумфираше минимално над РК Кастатовиќ Вардар со 16-15. Први со гол мечот го отворија девојките на Кастратовиќ кои поведоа со 0-1. Ново Лисиче со серија 3-0 поведе со “плус два“ односно 3-1 по само 5 минути игра.  Во продолжение се играше израмнет и цврст дуел двете екипи играа одлично во одбраната и нападот, во игра гол за гол двата тима постигнаа по три гола за во финишот да се влезе со 6-4 за Ново Лисиче. Девојките од Н.Л усепаа првпат денес да отидат на “плус три“ со гол за 7-4 на две минути до крајот. Сепак РК Кастратовиќ изнајде сила и со два последователни гола на полувреме мечот го однесе со гол негатива за нив, на одмор во “Јане Сандански“ се замина со 7-6.

kkk

Ново Лисиче по победата

Вториот дел со гол го почнаа девојките на Ново Лисиче кои поведоа со 8-6, но за кратко нивниот противник успеа да изедначи на 8-8 и да внесе неизвесност во дуелот. После ова изедначување мечот влезе во постојано водство на едниот или другиот тим со гол предност и постојно изедначување. Дури седум пати по овој резултат стоеа симетрични бројки на семафорот во малата сала, беше: 9-9, 10-10, 11-11, 12-12, 13-13, 14-14 и на крајот 15-15 резултат со кој се влезе во финишот.  Ново Лисиче со гол на крајот триумфираше со 16-15 и впиша нови бодови. Кај победникот  Бојана Коцевска постигна 7 гола, а Јана Василева впиша 4  гола, кај поразените Ања Урбан беше најефикасна со 4 гола.

ju

Во вториот дуел РК Општина Кисела Вода беше поуспешна ое екипата на РК Будимир Вардар со 18-12. Први гол на овој дуел постигнаа девојките на Будимир на кој веднаш со гол за 1-1 вратија нивните противнички. По овој резултат девојките изедначуваа уште неколку пати беше: 2-2 па 3-3 , 4-4 и на крајот 6-6 негде на средината од првиот дел. По овој резултат екипата на РК Општина Кисела Вода одигра феноменален период ги затвори сите приоди кон сопствениот гол во продолжение, до крајот на полувремето не примија ниту еден гол. Во нападот играа разноврсно и со голема серија 7-0 поведоа со 13-6 резултат со кој отидоа на одмор.

ju2

Вториот дел со гол го отворија девојките од РК Кисела Вода кои го зголемија водството на максимални “плус осум“ односно поведоа со 14-6. Вториот период беше далеку понеефикасне од првиот па така во продолжение екипите играа гол за гол со многу промашени напади. Двата колектива постигнаа по четири гола, предноста беше иста и во финишот влегоа со преднос за Кисела Вода од 18-10. Девојките на Будимир со два гола во последните моменти го ублажија поразот на 12-18. Кај победникот прв стрелец беше Александра Миленковска со 6 гола, а Анастасија Мијова имаше 5 гола, кај поразените Ева Атанасова имаше 5, втор стрелец беше  со Јана Чоловиќ со 4 гола.