Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за РК Шампион и Кисела Вода во женскиот дел на “Јуниор“ лигата кај генер.2002/03
Победи за РК Шампион и Кисела Вода во женскиот дел на “Јуниор“ лигата кај генер.2002/03

Победи за РК Шампион и Кисела Вода во женскиот дел на “Јуниор“ лигата кај генер.2002/03

Во женскиот дел на ракометната “Јуниор“ лига кај генерација родени “2002/03„ година се одиграа два натпревари. Победи забележаа екипите на РК Шампион и РК Кисела Вода.

РК Шампион славеше во дуелот со екипата на РК Будимир. Првите пет минути се играа израмнето, гол за гол на двете страни (2:2), по што екипата на РК Шампион до крајот на првото полувреме успева да направи серија од 7:1, за на полувреме да се замине со нивно водство од 9:3. Продолжи серија и во во второто полувреме кога избраничките на Треноска имаа предност од 10:3. Разликата во квалитет беше далеку на страната на РК Шампион, кој успева да стигне и до двоцифрена предност од 16:6. Последниот дел од мечот беше рутина за победничкиот тим, кој успеа да слави со конечен резултат од 20:9.

На вториот дуел во истава генерација се сретнаа екипите на РК Кисела Вода и РК Кастратовиќ Вардар, победа во овој дуел однесоа девојките на РК Кисела Вода. Први со гол мечот го отворија девојките од Кисела Вода кои поведоа со 0-1, на што нивните противнички одговори со два погодоци и го преземаа водството со 2-1. Со серија 1-3 Кисела Вода го презема водството и поведе со 3-5. Потоа двете екипи играа гол за гол, двата колектива постигнаа по пет гола, резултатот беше 8-10. Првпат Кисела Вода отиде на “три плус“ со гол за 8-11. Сепак Кастратовиќ успеа да се врати во игра и на одмор да замине со гол негатива 14-15.

Девојките на РК Кастратовиќ вториот дел го почнаа со гол за изедначување 15-15. Потоа во првите пет минути уште двапати резултатот беше симетричен 16-16 па 17-17. По овој резултат  екипата на Општина Кисела Вода поведе со два гола со резултат 17-19. Тоа водство беше клучно за победата на овој дуел. Тие зголемија до крајот на 19-24, резултат со кој дојдоа до нови бодови во оваа категорија. Кај победникот Александра Миленковска беше прв стрелец со 5 гола, Мила Пешиќ со 6 гола беше прв стрелец кај поразениот тим.