Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Едно полувреме му беше потребно на ЖРК Вардар да го “скрши“ отпорот на Подравка, црвено-црните тргнаа со убедлив триумф на вториот турнир од регионалната лига
Едно полувреме му беше потребно на ЖРК Вардар да го “скрши“ отпорот на Подравка, црвено-црните тргнаа со убедлив триумф на вториот турнир од регионалната лига

Едно полувреме му беше потребно на ЖРК Вардар да го “скрши“ отпорот на Подравка, црвено-црните тргнаа со убедлив триумф на вториот турнир од регионалната лига

Екипата на ЖРК Вардар со победа го отвори вториот турнир во регионалната лига, кој овој викенд се игра во Подравка. Токму оваа екипа беше наш противник на првиот натпревар. На Вардарки им беше потребно едно полувреме да го скршат отпорот на противникот и да забележат убедлива победа. По првите 30 минути се играше доста израмнето и ниту една од екипите не успеа да направи поосетлива предност. На одмор се замина со нерешен резултат од 14:14.

Во вториот дел на голот ја имавме расположената Ина Суслина, која ја направи големата разлика во овој дел од натпреварот. Понесени од нејзините одбрани, Вардарки направија голема серија од 12:3, за во следните две минути да стигнат и до двоцифрена предност од 28:18. Последните минути беа рутина за нашиот состав, кој славеше убедливо со резултат 30:19. Најефикасна на денешниот натпревар беше Тамара Мавсар со 7 голови. Во текот на утрешниот ден го играме вториот меч на овој турнир, а противник ни е тимот на Будуќност, меч кој ќе започне од 16 часот. Да напоменеме дека на овој турнир отпатувавме без Лекиќ, Пенезиќ и Лакрабер.

ЖРК ВАРДАР: Радичевиќ 5, Кликовац 2, Херем 2, Мавсар 7, Дамњановиќ 1, Лејно, Лaзовиќ 4, Илина, Пенезиќ 5, Суслина, Хмирова 3, Петровиќ 1, Песоа, Ристовска.