Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анета Тодоровска: “Јуниор“ лигата има големо значање за Македонскиот ракомет затоа што се повеќе деца почнуваат да тренираат и изборот е поголем

Анета Тодоровска: “Јуниор“ лигата има големо значање за Македонскиот ракомет затоа што се повеќе деца почнуваат да тренираат и изборот е поголем

Претстојниов викенд ќе продолжи ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите од последното коло во регуларниот дел кај некои генерации. Повторно ќе гледаме возбудувања на мечевите, каде секоја екипа е желна за докажување и победа. Една од ракометните школи која е дел од овој голем проект на Вардар е РК Кузман која со големи успеси се натпреварува во “Јуниор“ лигата. Дел од неа е Анета Тодоровска од генерација 2000/01  која ќе не запознае со неговите почетови во ракометот и желбата да се занимава со овој спорт.

-Моја прва желба беше да тренирам ракомет тоа се случи кога почнав да ги гледам поголемите ракометни екипи. Започнав да тренирам на 13 години во ракометната школа на Кастратовиќ. Нашата школа РК Кузман Вардар функционира одлично. Редовно тренираме со нашиот тренер Александар Савов во вторник и четврток, а  во викендите со Александра Кузмановска Исто така во нашата школа има и помали категории кои тренираат оделно од нас.

РК Кузман има да одигра уште еден натпревар од регуларниот дел. Моментално се наоѓа на четвртата позција која носи на завршниот турнир.

-Оваа сезона не започнаваме најдобро, но се трудиме да ги подобриме резултатите. Сеуште имаме шанса да се најдеме во финалето, а нашата цел е да го освоиме првото место.

Ангела го потенцира големото значење на “Јуниор“ лигата за младите и за целокупниот Македонски ракомет. Нејзината екипа ќе атакува на првото место во ова натпреварување.

-Овој проект сметам дека е многу добар пред се за децата да ги покажат своите квалитети и способностите. Исто така да напредуваат, да се натпреваруваат и секако да стекнат нови пријателства. “Јуниор“ лигата има големо значање и за целокупниот Македонски ракомет затоа што се повеќе деца почнуваат да тренираат и изборот е поголем. Нашата цел како генерација е да го дадеме најдоброто од нас и да ја освоиме лигата, но сепак треба да одиме чекор по чекор.

Звонко Ивановски