Неделава на програмата е новото коло во женската ракометна Супер лига, во истото екипата на Вардар СЦЈС ќе се сретне со зелено-белиот женски тим градот Битола. Наш домаќин ќе биде последно пласираниот женски ракометен тим на Пелистер, зелено-белите “условно“ ќе не нагостат во нашата сала С.Ц “Јане Сандански“ каде ќе бидат домаќини поради реновирањето на нивната сала.
Во овој 17-ти меч во единствената женска ракометна лига ќе атакуваме на петнаесеттата победа. Вардарки моментално се второпласирани во лигата со 42 бода колку што има и екипата на ЖРК Металург која има одиграно еден натпревар помалку од девојките на Симе Симовски во досегашниот тек од лигата. Нашиот противник е “закован“ за дното од табелата со само две победи досега. Мечот се игра денес, среда 29-ти март, со почеток во 19-15 часот. Ние сме фаворити во овој дуел, во есенскиот дел од сезоната се сретнавме двапати со овој противник. Во дуелот в гости кој се одигра во Битола триумфиравме со 43:20, а на домашниот дуел во Спортскиот центар “Јане Сандански“ однесовме победа со “триесет плус“ односно 43:13.