Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно, Радичевиќ, Лекиќ и Херем добија покана да играат за селекцијата на светот
Лејно, Радичевиќ, Лекиќ и Херем добија покана да играат за селекцијата на светот

Лејно, Радичевиќ, Лекиќ и Херем добија покана да играат за селекцијата на светот

Четири девојки од црвено-црниот женски ракометен колектив  добија покана да играат за селекцијата на светот. Натпреварот ќе се игра на  21 јуни во Прага во организација на ракометните федерации на Чешка и на Словачка.

Покана за настап на овој меч во селекцијата   што ќе биде водена од Мартин Амбруш добија следните вардарки: Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Камила Херем. Селекцијата на светот би одиграла натпревар против селекција на Чехо-словачка. Натпреварот е закажан за втората половина на јуни по крајот на сите клупски и репрезентативни обврски на играчите.