Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар СЦЈС му се реваншираа на Ѓорче и убедливо ги победија на Кале

Младинките на ЖРК Вардар СЦЈС му се реваншираа на Ѓорче и убедливо ги победија на Кале

Младинките на ЖРК Вардар СЦЈС по подолга пауза во текот на вчерашниот ден ги продолжија настапите во младинската лига. Избраничките на Анжела Платон одиграа натпревар со екипата на ЖРК Ѓорче кој го добија со резултат 30:23.

Интересно е тоа што во текот на првите 30 минути ниедна од екипите немаше поголема предност од еден гол разлика. Вардарки поведоа со 1:0, за во следните шест минути, гостинската екипа да стигне до прво водство од 3:4. До крајот на првото полувреме, екипите постојано се менуваа во водство, но ниту Вардар ниту Ѓорче не успеваа резултатски да се одлепат на поголема разлика од еден гол. Сепак по првото полувреме, црвено-црните имаа минимална предност од 14:13.

Вториот дел започна со два последователни голови на противникот, за повторно да го имаат водството од 14:15. Можеби решавачкиот момент за конечниот победник се случи во следните седум минути, кога Вардарки прават серијуа од 6:0 и зголемуваат на највисоки 20:15 во тие моменти. За момент гостинската екипа ја прекина нашата голеада и намали на 20:16, но избраничките на Платон прават уште една мини серија, за уште поубедлива предност од 23:16. Ѓорче немаше сили да се врати во мечот и највеќе што успеа да направи е да намали на четири гола негатива (25:21). Сепак во последните шест минути, Вардарки со фуриозен финиш го завршуваат мечот, за победата да биде поубедлива. Конечниот резултат гласеше 30:23. Со овој триумф му вративме на Ѓорче за поразот во првиот дел од сезоната, кога противникот тогаш славеше на домашен терен. Ова инаку беше четврта победа за нашите младинки во лигата.

Убедливо најдобар стрелец во нашите редови беше младинската репрезентативка, Леонида Гичевска која постигна 9 голови, а неа ја пратеше крилото Анастасија Николовска со 6 погодоци.

Вардар СЦЈС: Николовска 6, Стамова 2, Гичевска 9, Кицевска, Стојмановска, Мицевска, Вељаноска 2, Карчева,  Георгиевска 1, Станиќевска, Божиноска 1, Тодоровска 1, Реџеп, Костадиновска 4, Иванова 4.