Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати термините за завршниот турнир во регионалната лига, чиј домаќин ќе биде екипата на ЖРК Вардар

Познати термините за завршниот турнир во регионалната лига, чиј домаќин ќе биде екипата на ЖРК Вардар

Веќе се познати термините за последниот завршен турнир во женската регионална лига. Домаќин на истиот ќе биде екипата на Вардар и спортскиот центар Јане Сандански. На него покрај црвено-црните ќе настапат и екипите на Подравка, Будуќност и Крим. Претходните три турнири се одржаа во Подгорица, Копривница и Љубљана.

Во полуфиналето Вардар за противник ќе ја има екипите на Подравка, додека другиот дуел го сочинуваат Будуќност и Крим Меркатор. Ова се термините за последниот турнир во регионалната лига за оваа сезона:

полуфинале, 25 април – вторник
Вардар – Подравка 15,30 ч.
Будуќност – Крим 18 ч.

Финални мечеви, 26 април – среда
меч за 3. место – 15,30 ч.
финале – 18 ч.