Денес пролетниот дел од сезоната го започнаа пионерките на ЖРК Вардар. Избраничките на тренерскиот пар Ристова-Пецевска гостуваа во Чаир на истоимената екипа. Нашата пионерска екипа дојде до висок триумф в гости со резултат 4-17, ние на полувреме заминавме без гол примен во нашата мрежа односно со резултат 0-6.
Црвено-црните девојки влегоа како првопласирани во овој дел од сезоната со пет победи од исто толку одиграни мечеви во есенскиот дел. Тие први го отворија дуелот со гол за 1-0 против “фенерџијата“ во лигата. Во првиот дел целосно доминација на нашата одбрана и голманот на Вардар тие не беа совладани ниту еднаш во првите 20 минути. Успеавме да погодиме дури шест пати и на одмор заминавме со резултат 0-6 во наша корист.
Вториот дел почна со погодок за црвено-црните за 0-7, но конечно потоа Чаир намали на 1-7 со првиот гол на мечот за нив воопшто. Во продолжение ние повторно доминиравме и негде на половината од вториот дел поведовме со “десет плус“ односно со резултат 2-12. Докрајот се беше формалност нашата победа беше сигурна, тренерскиот двоец од клупата уфрли неколку освежувања кои го продолжија мечот во исти ритам. До крајот само го зголемивме водството и триумфиравме со 13 гола позитива. Пионерките во првиот пролетен дуел годинава победија со резултат 4-17.
Најдобар стрелец кај нас беше Јана Донева таа стрелаше успешно 7 пати, а Ана Марија Коларовска беше втор стрелец и помогна со 3 гола. Сепак треба да се одаде признание и на одбраната, голманите и целиот наш тим за оваа победа.