Андреа Човиќ имаше одлична партија во четвртфиналето од ЛШ, нашиот кружен напаѓач го вивна Вардар кон нов завршен турнир во ЛШ. Младата хрватска репрезентативка на овој дуел успеа да постигне шест гола.
Овој одличен настап на Човиќ беше забележан и од страна за изборот на трите ѕвезди во ЛШ. Нашата ракометарка се најде во друштво на Едуарда Аморим-Талеска (Ѓер) и Кристина Неагу (Будуќност).