Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кој сака нека биде, време е за две победи и пехар!

Кој сака нека биде, време е за две победи и пехар!

“Црвено – црните” девојки и оваа сезона се пласираа на завршниот турнир во ЛШ кој и оваа година ќе биде одржан во Унгарија – Будимпешта. Вардарки утре го дознаваат својот противник во полуфиналето од ракометната Лига на шампиони.

Оваа сезона на патот на вардарки до конечен трофеј стојат три екипи од исто толку земји. Очекувано, тие три екипи се: Домаќинот Ѓер, потоа добро познатиот тим на Будуќност и шампионот кој го брани трофејот, тимот на ЧСМ.

Кој и да се падне на ждребот е сеедно, вардарки мораат да покажат и докажат дека оваа година се најголемите конкурентки за освојување на толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Нека биде ова четврта среќа за нашиот тим.

Инаку, ждребот за полуфиналните парови ќе биде одржан утре со почеток во 13:00 часот. Дуелите ќе се играат во Будимпешта на 6. и 7. мај.