Црвено-црните девојки денес во ждрепката за полуфиналните двојки на Ф-4 турнирот која се влечеше во Будимпешта со почеток во 13-00 часот го дознаа својот протиник, тоа е екипата на моменталниот европскиот првак тимот на ЦСМ Букурешт од Романија.
Екипата на Букурешт ќе биде последната пречка на Вардарки за пласман во големото финале. Ждрепката сакаше во полуфиналето да играат Вардар и романски ЦСМ Букурешт, ова ќе биде своевидна реприза на полуфиналето од ланската сезона 2015/2016 година. Тогаш не изненадија романките предводени од Расмусен кој повеќе не е на кормилот на овој тим. Можеби повторно среќата посака да имаме одлична шанса за конечен пласман во долго очекуваното финале во ЛШ. Додека другата двојка ја сочинуваат екипите на црногорски Будуќност и екипата од Унгарија тимот на Ѓер.