Денес Вардарки го добија противникот во полуфиналето од лигата на шампионите, а тоа е екипата на ЦСМ Букурешт. Ждрепката сакаше да гледаме реприза од минатата година, кога беа истите полуфинални двојки. Романките се наш голем должник, кои успеа да не совладаат минатата сезона на завршниот турнир во Будимпешта. Какви беа импресиите во Вардаровиот табор од извлечениот противник во полуфиналето.
Тренерот Ирина Дибирова истакна дека нема слави екипа на завршниот турнир и сеедно е со кого ќе играш.
-На Ф4 турнирот нема слаби екипи, треба да се фокусираме на нашите грешки да ги исправиме. Не се радуваме ниту тагуваме за екипата што ја добивме на ждрепката.
Помошниот тренер, Аце Станковски истакна дека овој Ф4 за него ќе биде посебен, бидејќи е прв и се надева дека ќе биде поразличен од претходните, кога Вардар го освојуваше третото место.
-Ова ќе биде мој прв Ф4, се надевам дека ќе биде поуспешен од претходните. Што се однесува до ЧСМ Букурешт, исто како лани, не треба да се залажуваме, тие не се послаба екипа од сите други на Ф4. Последниот месец формата им оди во нагорна линија, така што треба многу да ја анализираме нивната игра, да ги исправиме некои грешки, што ни се случуваа нас во минатиот период, со една добра тактичка подготвеност, можеме да ја поминеме оваа пречка и да се пласираме во едно големо финале што сите во Македонија го очекуваме.
Еден од нашите најголеми адути на Ф4 ќе биде голманката Амандин Лејно, која се надева на пласман на својот тим во големото финале.
-Не би знаелеа што повеќе да кажам. Секој тим на Ф4 е многу силен. Секој натпревар е нова приказна. Минатата година игравме и сега повторно ривал ни е ЧСМ Букурешт. Ние сакаме да одиме таму и да се бориме. Да покажеме силен карактер, ќе биде тежок натпревар, како на секој Ф4. Сакам само да одиме таму, да уживаме во играта. Се надевам дека конечно ќе се пласираме во финалето. Се боревме за ова многу секој ден, ќе тренираме уште повеќе, ќе се подготвиме за овој дуел. Се надевам дека со малку среќа ќе се пласираме во финалето.
Македонската репрезентативка, Сара Ристовска истакна дека цела сезона напорно се боревме да стигнеме до завршниот турнир и дека останува само една пречка до можноста да се бориме за трофејот.
-Навистина ми е драго што повторно ќе бидеме дел од Ф4. Мислам дека ова е само една пречка од 60 минути, што цела година работиме, се мачиме и на крај доаѓаме до Ф4, тоа го посакуваме долго време. Како што кажа Лејно, премногу го посакуваме тоа финале, секако дека мораме да ги добиеме во полуфиналето. Мораме многу добро да се подготвиме за да дојдеме до посакуваното. Полуфиналето е само еден натпревар. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, дека ќе бидеме сите без повреди до 6 мај и дека ќе одиграме како што посакувате сите и како што очекувате од нас.