Friday ,27 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > “Сестринското” четвртфинале во купот му припадна на подобриот и повозрасен Вардар

“Сестринското” четвртфинале во купот му припадна на подобриот и повозрасен Вардар

Сестринското четврфинале во купот на Македонија му припадна на подобриот и повозрасен Вардар. Денес во С.Ц. Јане Сандански двете екипи одиграа натпревар во купот на Македонија, по што тимот на Вардар се пласираше на завршниот турнир во ова натпреварување. Иако настапија без Радичевиќ, Пенезиќ, Лекиќ, Човиќ, Суслина и Лакрабер, избраничките на Дибирова немаа поголеми проблеми на овој натпревар. На полувремето имаа водство од 11:20. Истото постојано се зголемуваше во второто полувреме, за на крајот да биде изразено со предност од дваесет голови разлика, со конечен резултат од 18:38. Кај Вардар најефикасна беше Тамара Мавсар со 6 погодоци, додека кај Вардар СЦЈС се истакна Симона Стојановска со 4 голови.

vardarfans-teks

Вардар СЦЈС: Белмезова, Прленда, Стојановска 4, трпковска 1, Георгиевска, Митова, Бојаџиска 2, Тодоровска 1, Колевска 2, Петковска, Керамитчиева 3, Георгиевска 1, Мишевска, Гичевска 3, Велкова.

Вардар: Кликовац 1, Херем 3, Мавсар 6, Дамњановиќ 5, Лејно, Лазовиќ 5, Алтхаус, Илина 2, Хмирова 3, Петровиќ 5, Песоа 1, Ристовска.