Денес се играа двата меча за третто место во ракометната вардарова Јуниор Лига кај генерација 2000/2001 во машка и женска конкуренција. Кај дамите екипата на РК Виница Вардар дојде до бронза, кај момците Општина Кисела Вода Вардар се закити со бронзен медал денес.
Кај момците екипата на РК Општина Кисела Вода Вардар дојде до победа во дуелот за “бронза“ со екипата на РК Урдревски Вардар. Први со гол мечот го отворија Урдаревски кои поведоа со 1-0, на што нивниот противник возврати и изедначи на 1-1. Се играше постојано гол за гол, беше 2-2, 3-3 и на крајот во 7 минута беше 4-4. Општина Кисела Вода се одлепи на 6-8 во продолжение сепак Урдаревски изедначи на 9-9 на 3 минути до крајот. Со по два гола тимовите мечот на одмор го однесоа со резултат 11-11.
Вториот дел со гол го отворија Урдаревски кои поведоа со 12-11 на што нивниот противник врати и изедначи на 12-12, веднаш потоа повторно резултатска симетрија на семафорот во “Јане Сандански“ 13-13. Општина Кисела вода со два гола поведува по подолго време со комотни 13-15, предност која ја чуваше до крајот. Во игра гол за гол во последната минута се влезе со предност на К.Вода за 17-19, до крајот Кисела Вода умно одигра и дојде до триумф со 17-20. Најдобар стрелец кај победникот беше Филип Велковски со 8 гола, кај поразените Оливер Јовановски имаше 5 гола.
Кај дамите РК Кузман Вардар беше поразен во последните моменти од РК Виница Вардар. Први со два гола го отворија девојките од Скопје кои поведоа со 2-0 на стартото од овој женски дуел во вардаровата Јуниор лига. Со иста мера вратија и виничанки кои изедначија на 2-2, по 7 минути игра на семафорот стоеше нерешен резултат 4-4. Во првиот дел постојано една екипа поведуваше со еден гол а нејзиниот ривал се враќаше во игра и израмнуваше. На одмор се замина со резултатска симетрија на семафорт во “Јане Сандански“ резултатото беше 8-8.
Вториот дел почна со погодоци за виничанки кои па сега поведоа со 8-10 слично како РК Кузман Вардар на почетокот од мечот. Девојките на Александра Кузмановска и Александар Савов се вратија во дуелот тие успеаа да изедначат на 10-10. се играше постојано гол за гол и во вториот дел, девете екипи беа на чекор една пред друга и секогаш другиот тим изедначуваше и во вториот период до 20 минути колку што се игра во оваа генерација. Во последните 45 секунди влеговме со 15-15 на семафорот, Кузман промаши напад. Во последниот атак РК Виница Вардар успеаа да погоди за 16-15 и победа на овој меч. Кај победникот Милева и Митровска имаа по 5 гола, кај поразенит тим Насковаска имаше 4 погодоци и беше најдобар поединец таа покрај во напад играше како најистурен играч и во одбраната 5+1 на овој дуел.