Екипата на РК Филип-Вардар го повтори успехот на машката екипа и триумфираа во женскиот дел на “Јуниор“ лигата, кај генерацијата родени 2000/01 година. Тие во финалето убедливо ја победија екипата на РК Карпош, со двоцифрена разлика од 24:14.
Добро започна мечот за Прилепчанки кои имаа почетно водство од 2:0, но брзо одговори екипата од Куманово, која за прв пат на натпреварот имаше предност од 3:4. Тоа беше се што успеаа да сторат на овој финален натпревар, бидејќи во следните пет минути, екипата на РК Филип направи серија дури од 7:0 и поведе со 10:4, што значеше солидна позитива во продолжение од натпреварот. Во финишот на првиот дел успеа да намали РК Карпош на 12:7, но последните два гола во овој дел од мечот му припаднаа на Филип, која на одмор замина со високо водство од 14:7.
Во второто полувреме, екипата од Прилеп имаше целосна контрола на резултатот и не дозволија на РК Карпо да ја смали неагтивата на помалку од седум гола. Имаа избраничките на Таневски и водство од 20:12, а псоледните пет минути беа само рутина за овој состав, кој на крајот славеше со високи десет гола разлика (24:14).
Кај поразените Златаноска постигна 4 голови, додека кај победникот Јовеска беше најефикасна со 7 голови, додека Димоска постигна 5. Наградите за најдобрите екипи ги доделува ракометарките на Вардар, Ина Суслина и Татјана Хмирова.