Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на Пецевска, пионерките на Вардар како “брз воз“ со 23 позитива триумфираа над РК Макалоски

Девојките на Пецевска, пионерките на Вардар како “брз воз“ со 23 позитива триумфираа над РК Макалоски

Денес во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје се одигра дуел од 8.коло во пионерската лига, група-2 во кој Вардар беше домаќин на екипата на РК Макалоски од Прилеп. Избраничките на тренерското дуо Драгана Ристова и Билјана Пецевска дојдоа до убедлива победа со дури 23 гола предност. Нашите црвено-црни  пионерки го совладаа тимот од Прилеп со резултат 29-6 (14-2).

4

Натпреварот почна со гол за црвено-црните пионерки кој по 30сетина секунди поведоа со 0-1. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска потоа направија фуриозна серија, ги затворија приодите кон својот гол, а погодија дури петпати поведувајќи со 6-0  во 7 минута. Тоа беше знак за аларм па Макаловски повика минута одмор за својте девојки, по крајот на истиот ние погодивме и за 7-0. Првиот гол во првите 20 минути девојките на нашиот ривал го постигнаа во 9.минута кога намалија на 7-1. Од минута во минута го зголемувавме водството во 10 водевме 9-1, а во 15 минута 12-1.  Во последната 20 минута влеговме со резултат 13-1 по што погодивме за 14-1. Во последниот напад во првиот период сино-белите девојки усепаа да погодат и вторпат тие намалија на 14-2,  до крајот имавме напад кој не го реализиравме, па така на одмор се замина со 14-2 на семафорот во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје во нааша корист.

5 6

Вториот дел почна како и првиот со наш погодок и доминација, по 6 минути ракомет во овој период водевме со 20-2 односно во вториот дел влеговме со серија 6-0 за црвено-црните пионерки. Во 9.минута од вториот дел избраничките на Макаловски исто како и во првиот дел по 9 минути ракомет погодија повторно, тие намалија на 20-3.  Следеше краток период од 3-4 минути во кој гостите конечно малку беа рамноправни намалувајќи на 23-5 во 12.минута од вториот дел. Потоа следеше наша доминација во целост во продолжението од дуелот. Поведовме со 26-5 во продолжение по што ривалот побара повторно тајмаут со цел колку толку да се консолидира до крајот на овој натпревар кој целосно во сите ракометни елементи им припадна на пионерките на Вардар. Тие постигнаа и шести гол намалувајќи на 28-6, со што бројот на голови од првиот дел двојно го надминаа сепак тоа беше далеку со класи од нашата игра. Натпреварот заврши со наша победа со резултат 29-6.

3 7

Кај нас на голот беа одлични голманките Трајковска Јована во првиот дел и Грујовска Cимона во вториот дел кој ги фрлаа во очај противничките. Прв стрелец беше Костовиќ Ангела со 7 гола, зад неа беше Насковска Магдалена со 6 гола, Петковска Мирјана погоди успешно 5 пати. Гонзалес Ана и Ѓорѓиевска Стефанија има по 3 затресувања на мрежата,  а по еднаш погодија пет девојки: Седлоска, Галевска, Цветковска, Крстевска и Дамјановска. 

8