Денес својот 26-ти роденден го слави столбот на одбраната на црвено-црниот женски ракометен колектив, Андреа Кликовац. Таа од 2012 година е членка на ЖРК Вардар. Со нашиот тим Кликовац има освоено три шампионски титули и два трофеја во купот на Македонија. Се надеваме дека конечно ќе се круниса оваа сезона со Вардар со “европска круна“. Девојките утре и задутре ќе играат во Будимпешта на завршниот Ф-4 турнир.
Редакцијата на Вардар фанс и пожелува многу успех во кариерата, здравје и се разбира среќен роденден.