Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките од РК Делчево на Горан Велков се пласираа во финалето кај генер.2002/03 во Јуниор Лигата
Девојките од РК Делчево на Горан Велков се пласираа во финалето кај генер.2002/03 во Јуниор Лигата

Девојките од РК Делчево на Горан Велков се пласираа во финалето кај генер.2002/03 во Јуниор Лигата

Во овие  два дена, денес и утре  на програмата е последниот завршен турнир во ракометната вардарова  “Јуниор“ лига. Денес се играа полуфиналните натпревари кај генерацијата родени “2002/03“ година во женска конкуренција. Во второто полуфинале екипата на РК Делчево Вардар обезбеди пласман во финалето со добрата игра во вториот период каде ги чека екипата на  РК Шампион Вардар. Делчевки станаа финалиски  по победата над тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар со резултат 21-14 (10-9).

kk3

Први со гол натпреварот го отворија девојките од Делчево кои поведоа со 1-0, на што девојките од скопската населба Кисела Вода одговорија со погодок за 1-1. Потоа девојките од РК Делчево со серија 3-0 се оделпија и поведоа со резултат 4-1. Следеа минути на девојките од Скопје кој успеаа да ја анулираат предноста и да изедначат на  5-5 со што ја вратија неизвесноста во натпреварот. Уште двапати имаше резултатска симетрија на семафорот во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје најпрвин беше  7-7, па потоа и  9-9. Делчевки со погодок за  10-9 го однесоа натпреварот на одмор со минимална позитива за нив.

kk4 kk5

Вториот период  почна со два гола на девојките на Горан Велков кои поведоа со “плус три“ односно со резултат 12-9, на што со погодок за намалување на резултатот на  12-10 одговорија скопјанки. Во продолжение делчевки беа подобар противник успевајќи од минута во минута да го зголемуваат резултатот па  во последните пет минути влегоа со позитива од “плус шест“ односно со резултат 19-13. Во последните минути тие играа мудро недозволувајќи да биде загрозена нивната победа која на крајот беше изразена со конечен резултат 21-14.

kk2

Кај победникот Ивана Арсениевска беше брилијантна со 11 гола, таа беше потпомогната од Исидора Сугаревска која погоди 6 пати, одлична партија имаше и голманката Екатерина Димитровска.  Кај поразените прв стрелец беше Александра Миленковска со 4 гола, а Ангела Коцевска и Мијова Анастасија погодија по 3 пати.