Финалеееее! Вардар го скрши мразот, Вардар ќе се бори за првото место, Вардар ќе го напаѓа тронот во ракометната Лига на шампиони. Одличен натпревар вечерва одиграа Вардарки, во текот на целиот натпревар одиграа одлично и заслужено се радуваа на победа и пласман во големото финале. Утре нашите девојки ќе одат по трофејот, на патот стои Ѓер. Со уште една ваква игра како денеска, сигурно сме на врвот, само јако девојки!
Вардарки одлично го одиграа првиот дел и наговестија дека се спремни за финале. Уште од самиот старт “црвено – црните” наговестија дека ќе одат на висока разлика. Веќе во 6. минута нашиот тим имаше предност од 5-1. Тренерот на Букурешт уште во 7. минута беше приморан да го побара првиот тајм-аут. Како одминуваше мечот така и Вардар играше се по сигурно, па така веќе во 15. минута Вардарки имаа предност од дури 12-6 со погодок на Лекиќ. Разликата да не биде намалена се погрижи и Суслина, нашиот голман до 18. минута успеа да одбрани два пенали. Потоа во 20. минута имавме и предност од максимални плус девет. Веќе во 27. минута нашиот тим имаше и предност од дури десет голови разлика 20-10. До крајот на првиот дел нашиот тим малку попушти, прими неколку евтини голови, па така на пауза се замина со резултат 21-13 за Вардар. Во првиот дел Суслина успеа да одбрани три пенали од исто толку обиди, а во последните секунди Хмирова по еден дискутабилен старт доби директен црвен картон.
Вториот дел започна добро за нашиот тим, Лејно одбрани еден удар, а Лазовиќ на спротивната страна погоди за нови плус девет. Лејно до 34. минута имаше седум одбранети топки. Следуваше мал пад во нашата игра, противникот во 36. минута намали на минус седум, Суслина не го спречи и четвртиот пенал. Серијата на противникот ја прекина Човиќ со својот втор погодок денеска за плус осум. Вардар фати нова серија, со три погодоци во серија, Вардар дојде до округили плус десет во 38. минута од мечот. Следуваше и серија на Будурешт од 3-0 за минус седум во 40. минута. Добро е, Вардар по тајм-аутот се врати одлично, се играше 44. минута а Вардарки имаа нови десет голови предност. Сите точки во нашиот тим функционираа одлично на овој многу важен натпревар. Следуваше фаза на мечот во кој судиките со неколку чудни одлуки и искучувања за нашиот тим се обидуваа да го вратат во игра тимот на Букурешт. Но тоа тешко им успеваше, иако вардарки направија неколку грешки во серија, голманките на нашиот тим беа на нивото на својата задача. На седум минути до крајот Вардар имаше предност од недостижни плус осум. До крајот на мечот Вардарки немаа посериозни проблеми, за голема победа и пласман во големото финале!
Сaмо јако девојки, одиме сите утре заедно на победа и голема титула!