Денес екипата на ЖРК Вардар за прв пат ќе има можност да игра во големото финале на ЛШ и да се бори ѕа европската круна. Наш противник во мечот за пехар е екипата на Ѓер. Познат е составот за првото историско црвено-црно финале Дибирова иде на сигурно тоа е тимот кој беше пријавен и вчера.
ЖРК Вардар: Суслина, Лејно, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Херем, Мавсар, Дамњановиќ, Хмирова, Лекиќ, Кликовац, Лакрабер, Алтхаус, Човиќ и Пенезиќ.
Мечот против Ѓер започнува од 17:45, кој ќе оди со директен пренос на МРТ-1. Им посакуваме среќа на црвено-црните, кои се надеваме ќе не израдуваат по завршување на овој дуел со европско злато.