Во неизвесно финале, екипата на Ѓер успеа да го совлада нашиот Вардар и да слави дури по две продолженија. Нашите девојки одиграа храбро во текот на целиот натпревар и ниту во еден момент не дозволија на Ѓер да се одлепи на поголема разлика. Ова беше чекор понапред од претходните три сезони, кога освојуваме трето место. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот пред медиумите се обрати, нашиот тренер Ирина Дибирова која го изјави следново:
-Атмосферата беше одлична, им честитам на Ѓер за победата, но сакам да им заблагодарам и на моите ракометарки. Горда сум на мојот тим затоа што одигра одлична сезона. Не е лесно за тимот кога три пати во сезоната ќе се смени тренерот. Навивачите беа одлични и им благодарам за нивната поддршка што ни ја дадоа.
Алтхаус низ солзи го прокоментира финалето, истакнувајќи дека ова е последен меч во дресот на Вардар во ЛШ.
-Имавме неверојатен меч и одлична атмосфера. Беше многу тежок меч. Горда сум на мојот тим. Правевме грешки во првиот дел, но успеавме да се вратиме во натпреварот. Покажавме борбеност и желба. Ова е мој последен натпревар и го доживеав со многу емоции. Благодарност за Вардар за се што сторија за мене. Им посакувам среќа наредната година, секогаш ќе бидам со Вардар и ќе навивам”.