Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар со “дваесет плус“ ја совладаа екипата на Лихнид и најавија дека атакуваат на титула оваа сезона
Пионерките на Вардар со “дваесет плус“ ја совладаа екипата на Лихнид и најавија дека атакуваат на титула оваа сезона

Пионерките на Вардар со “дваесет плус“ ја совладаа екипата на Лихнид и најавија дека атакуваат на титула оваа сезона

Утрово во салата “Кале“ се одигра меч од женската пионерска лига во кој девојките на Вардар ја пречекаа екипата на ЖРК Лихнид од Градот Охрид. Девојките на Драгана Пецевска Ристова и Билјана Пецевска дојдоа до нова убедлива 9-та победа во исто токлу меча во пионерската лига. Тие триумфираа со резултат 27-7 (10-4).

Први натпреварот со гол го отворија нашите црвено-црни пионерки уште во првиот напад поведувајќи со 1-0. Следеше пеколна серија на пионерките на Вардар во продолжение, сите приоди кон нашиот гол беа затворени, а во напад казнувавме. Таа игра ни овозможи да поведеме со “девет плус“  на 5 минути до крајот на семафорот во салата “Кале„ стоеше 9-0 за нас. Последните пет минути поради опуштање во нашата игра им припаднаа на охриѓанки. Тие направија серија 1-4 и на одмор заминаа со  намалена негатива од “минус шест“ односно со резултат 10-4.

000

Вториот дел почна со два погодока за нас со кои поведовме веќе по две минути игра со 12-4. Следеше период во кој двете екипи постигнаа по два погодока во мрежите на обата голмана за резултат 14-6 на семафорот. Нашите девојки повторно покажаа “мускули“ тие влегоа во нова пеколна серија покажувајќи зашто се лидери на табелата во оваа категорија. Девојките на вардаровиот пионерски тим со серија 10-0 поведоа со убедливи 24-6 на 3-4 минути пред финишот. До крајот се беше формалност на овој женски пионерски дуел, ние победивме со дваесет гола предност односно со резултат 27-7.  Кај нас најефикасна со 7 гола беше Петковска Лилјана, по 4 гола постигнаа три девојки: Гроздановска Ангела, Ѓорѓиевска Стефанија и Седлоска Андреа.