Денес во салата “Автокоманда“ се игра завршниот турнир во женска пионерска конкуренција кој ќе го даде шампионот на Македонија. Во полуфиналето пионерките на Вардар триумфираа и се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во првенството на Македонија.
Нашите девојки предводени од Билјана Пецевска и Драгана Пецевска Ристова играа со екипата на Куманово. Црвено-црните девојки пласманот во финалето го обезбедија со победа со резултат 23-14. Во финалето ги чека екипата на ЖРК Металург и истото е закажано за попладнево со почеток во 18 часот и 15 минути во салата во Автокоманда.
Ние уште во првиот дел имавме контрола на резултатот и на одмор заминавме со “плус пет“ во наша корист. Вториот дел го продолживме со исти ритам и со “девет позитива“ закажавме место во финалето. Ова е последна прилика за прво “злато“ на една вардарова младинска екипа оваа сезона. Прв стрелец во полуфиналето во нашиот табор беше Андреа Седлоска која постигна седум гола во мрежата на кумановчанки.