Екипата на ЖРК Вардар е финалист во плејофот на супер лигата, откако попладнево во малата сала на С.Ц. Јане Сандански убедливо ја совладаа екипата на Куманово со резултат 54:19.
Вардарки како што се очекуваше започнаа фуриозно со стартно водство од 4:0. На голот беше Мајса Песоа која бранеше добро, што им овозможуваше брзи контра напади на црвено-црните, каде погодуваа Херем и Ристовска. Првиот гол Куманово го постигна во 5 минута за намалување на резултатот. Следеа два нови голови на Вардар за водство од 6:1, за Куманово да го постигне вториот гол за резултат од 6:2. Немавме никакви проблеми при организирање на играта и во нападот и во одбраната.
Голем број од головите ги постигнуваме во контра-напади, најчесто во главна улога беа крилата Херем и Ристовска за нова серија од 3:0, за предност од 9:2. Третиот свој гол на денешнот меч, Куманово го постигнува во 10 минута за намалување на 9:3. По правило кога противникот ќе ја погодеше нашата мрежа, Вардар враќаше со голема серија, така беше и овој пат, кога најпрво со голот на Ристовска во 13 минута имавме двоцифрена предност од 13:3, за во следните две минути да постигнеме уше три нови погодци, за убедливи 15:3. Постигнува гол, Куманово за резултат 15:4, но расположените Човиќ, Херем и Ристовска го полнат противничкиот гол, за во 24 минута да имаме веќе предност од 23:4. До крајот на првиот дел ја зголемуваме разликата, а со голот на Човиќ со звукот на сирената, на полувреме одиме со предност од 28:7.
Продолживме и во вториот дел да ја полниме мрежата на гостинскиот тим, а со голот на Хмирова во 38 минута да имаме водство од 35:11. Песоа беше одлична на голот, каде стигна до двоцифрен број на постигнати голови, а Херем со нова мајсторија од својата позиција да зголеми на 39:11. Намали Куманово на 39:12, за Вардар направи серија од 5:0 и да зголеми на 44:12. На овој меч настапивме без Лекиќ, Лејно, Пенезиќ, Лакрабер, Радичевиќ, Мавсар, додека во игра воопшто не влегоа Алтхаус, Суслина и Лазовиќ.
50-сетиот гол за Вардар го постигна крилото Ристовска, која зголемува на 50:16 во 25 минута. Последниот гол за конечни 54:19 го постигнува Хмирова.
Во другото полуфинале од 17:30 часот во истава сала се среќаваат екипите на Вардар СЦЈС и Металург. Големото финале на програмата е утре со почеток од 15:00 часот.
ЖРК Вардар: Кликовац 4, Херем 9, Дамњановиќ 1, Лазовиќ, Алтхаус, Илина 8 , Човиќ 11, Суслина, Хмирова 10, Песоа, Ристовска 11.