Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Хрватски судии ќе му судат на Жрк Вардар во Будимпешта
Хрватски судии ќе му судат на Жрк Вардар во Будимпешта

Хрватски судии ќе му судат на Жрк Вардар во Будимпешта

Европската ракометна федерација ги одреди судиските двојки кои ќе ја делат правдата на завршниот турнир во женска конкуренција, кој ќе се игра на 9 и 10-ти мај во Будимпешта. Хрватската судиска двојка Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица ќе го судат дуелот на Вардар со Будуќност.

Делегати на мечот ќе бидат: Антонио Гоулао од Португалија, и Кармен Мачадо Лопез од Шпанија. Дуелот на двата гиганта ќе се одигра на 9-ти мај со почеток од 16:45 часот.