Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Леонида Гичевска: Верувам во успех на оваа репрезентација
Леонида Гичевска: Верувам во успех на оваа репрезентација

Леонида Гичевска: Верувам во успех на оваа репрезентација

Кадетската ракометна репрезентација изминатиов период учествуваше на турнир во Никшиќ(Црна Гора), каде го освои одличното второ место. На четири одиграни натпревари, забележа две победи и два нерешени дуели и само поради послаба гол разлика не се најде на првото место. Шест ракометарки од Вардар беа во составот на оваа репрезентација на турнирот.

-Ние сме млада репрезентација која прв пат се собира и ни се потребни многу вакви меѓународни натпревари. Задоволна сум од целиот турнир, со желба за уште многу такви. Инаку игравме одлично, видовме до каде сме и што сме. Не навлегувам во одлуките на судиите, со оглед на тоа дека немавме пораз, се гледаше гол-разликата. Сепак сум задоволна од освоеното второ место.

Оваа репрезентација ќе биде дел до европското првенство за ракометарки до 17 години, што ќе се игра во нашиот главен град-Скопје.

-За престојното првенство имаме сили, желба и верувам во успех на ова екипа. Ќе дадеме се од себе зошто ги браниме боите на оваа држава, со тоа и на самите нас, изјави Репрезентативката и член на Жрк Вардар Леонида Гичевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски