Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар почнува со подготовки на 1-ви август
ЖРК Вардар почнува со подготовки на 1-ви август

ЖРК Вардар почнува со подготовки на 1-ви август

На сила е летната пауза во ракометна Европа, новата сезона 2017/2018  за европските вицешампион  во женска конкуренција ракометарките на Вардар почнува на 1 август. Според планот за подготовки за тогаш  е закажан почетокот на подготовките во Скопје.

Во главниот град ќе останат кратко, по неколку денови минати со тренирање и медицински прегледи, ракометарките заминуваат на висински подготовки. Потоа екипата се враќа во Скопје. Следна етапа во летните подготовки е   настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23 до 26 август во Скопје. Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.