И во новата натпреварувачка сезона, екипата на ЖРК Вардар ќе настапува во регионалната лига. Како и претходната, така и оваа сезона за трофејот во ова натпреварување, покрај Вардар ќе се борат уште и тимовите на Будуќност, Крим и Подравка, а црвено-црните се актуелни освојувачи на регионалната лига, откако на последниот завршен турнир кој се играше во Скопје ја победија екипата на Будуќност. Новост за новата сезона е тоа што покрај сениорските, ќе бидат вклучени и младинските екипи во оваа лига, кои ќе настапуваат паралено на турнирите, кога ќе играат и првите тимови на овие клубот.
Во новата сезона ќе бидат одиграни пет турнири, наместо четирите од минатата сезона. Веќе е одреден и распоредот на одигрување на сите натпревари во регионалната лига, со одредување на сите домаќини на турнирте.
Распоред на натпревари од Регионалната лига
Турнир 1 – домаќин Подгорица
13 септември 2017
Крим – Подравка
Будуќност – Вардар
14 септември 2017
Вардар – Крим
Будуќност – Подравка
Турнир 2 – домаќин Копривница
28 октомври 2017
Будуќност – Крим
Подравка – Вардар
29 октомври 2017
Вардар – Будуќност
Подравка – Крим
Турнир 3 – домаќин Љубљана
13 јануари 2018
Будуќност – Подравка
Крим – Вардар
14 јануари 2018
Вардар – Подравка
Крим – Будуќност
Турнир 4 – домаќин Скопје
27 март 2018
Подравка – Крим
Будуќност – Вардар
28 март 2018
Вардар – Крим
Будуќност – Подравка
-Сите екипи се согласивме дека напредокот на лигата и на секоја екипа зависи од сопствените школи, и сакаме на нашите идни првотимки уште отсега да им овозможиме шанса да се натпреваруваат на интернационално ниво, со своите врсници од други земји. Сметаме дека тоа ќе придонесе за подигање на квалитетот, и истовремено добивање на поголемо искуство на овие млади ракометарки кои досега немаа често можност да играат вакви мечеви. Како клуб целосно ја подржавме ваквата идеја и сметаме дека таа ќе донесе само позитивни работи за сите, изјави извршниот директор на РК Вардар, Давор Стојановски за официјалната страна на клубот.