Вардарки со победа го отворија првиот турнир во регионалната лига, кој вечерва започна во Подгорица. Црвено-црните беа подобри од домашната екипа на Будуќност која ја совлада со резултат 22:24.
Иако настапивме без неколку ракометарки, како Лејно, Кузнецова, Лакрабер, Лазовиќ и Бајрамовска, сепак на крјаот успеавме да стигнеме до победа. Шампионот на Црна Гора подобро го отвори натпреварот и веќе по 8 минути игра имаше водство од 5:2. Во овој дел од мечот, екипата на Будуќност беше подобра на теренот и одржуваше предност која се движеше од 3-4 голови разлика. Така беше и во 13 минута, кога противникот поведе со 7:3, за Вардар да постигне три последователни голови и да го намали резултатот на 7:6. Сепак избраниците на Аџиќ повторно успеваат да се одлепат и со два сврзани гола да поведат со 9:6. Избраничките на Ирина Дибирова во следните минути успеваат да направат комлетен резултатски пресврт кога направија серија од 0:4 и ја превземеаа предноста (9:10). По истекот на првите 30 минути, Будуќност е тимот кој замина со минимално водство од 13:12.
Второто полувреме започна со два голови на Будуќност, за повторно да имат три голови разлика (15:12). Вардар не се предаваше на овој меч и повеќе ја посакуваше победата. Благодарение на головите на Пенезиќ и Радичевиќ, нашиот состав го враќа водството во своја корист (16:17). Последното израмнување се случи во 46 минута, кога резултатот на семафорот беше 19:19, за црвено-црните со серија од 3:0 да се одлепат на највисоки 22:19. Иако Будуќноста намали на само еден гол негатива, Вардар не дозволи пресврт и на крајот славеше со резултат од 22:24.
Најеефикасна во нашиот состав беше крилото Радичевиќ со 7, додека Пенезиќ додаде 6 голови.
ВАРДАР: Радичевиќ 7, Кликовац 3, Садзовска 1, Мицевска, Пенезиќ 6, Керамичиева, Чанаџија, Суслина, Хмирова 1, Цвијиќ, Лекиќ 5, Петровиќ, Ристовска 1.