Актуелниот освојувач на регионалната лига, екипата на ЖРК Вардар забележа победа на првиот турнир во ова натпреварување, кој од вчера започна во Подгорица и ќе трае до утре. Избраничките на Дибирова остварија триумф во дуел со домашниот тим на Будуќност (22:24) ( 13:12). Иако сме ослабени на овој турнир поради неиграњето на Лејно, Лакрабер, Лазовиќ, Бајрамовска и Кузнецова, црвено-црните прикажаа одлична игра и на крајот сосема заслужено победија. Денес од 19 часот го играме вториот натпревар против екипата на Крим Меркатор.
Погледнете неколку фотографии од мечот против Будуќност.