Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардаровата ракометна школа, РК Кале Вардар успешно организираше интернационален турнир “Кичево-2017„
Вардаровата ракометна школа, РК Кале Вардар успешно организираше интернационален турнир “Кичево-2017„

Вардаровата ракометна школа, РК Кале Вардар успешно организираше интернационален турнир “Кичево-2017„

Една од ракометните школи кои се дел од Академијата на ракометниот клуб Вардар, школата од Кичево- Р.К Кале – Вардар Кичево  беше домаќин на ревиален меѓународен ракометен турнир „КИЧЕВО 2017“.  На  овој турнир беа присутни екипите на Лублин од истоимениот град во женска конкуренција во ГЕНЕР. 2004 – 05 , и Пшеворск во машка конкуренција кај ГЕНЕР. 2000-2003. Покрај тоа учесници имаше од нашата земја, од Македонија. Учесник беше селекцијата на Академја Вардар  2004-05 и тимот на РК Филип Вардар во машка конкуренција кај  ГЕНЕР.2000-03. Учество од домаќините земаа машката и женската екипа на Р.К Кале – Вардар Кичево.

hk2 hk4

Турнирот се одржа на 8ми и на 9ти септември- по повод  ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА Р.МАКЕДОНИЈА.   Се играше со по три екипи во машка и женска конкуренција  по принципот секој со секого. Во оваа рана фаза од сезоната  2017/2018  се одиграа многу квалитетни натпревари, на моменти возбудливи и неизвесни до самиот нивни крај. Сите екипи демострираа фер и корекна игра, судиите исто така беа на висина на својата задача, за што тимот на Р.К Кале – Вардар Кичево е многу благодарен.  Дефинитивно домаќинот покажа дека може да организира ваков сериозен настан беспрекорно. Во информацијата за турнирот од страна на Р.К Кале – Вардар Кичево доставена до Вардар фанс се вели:

hk hk3

          НА КРАЈОТ ОД ТУРНИРОТ БЕА ДОДЕЛЕНИ ПЕХАРИ ЗА 1-во, 2-ро И 3-то МЕСТО КАКО И ПЕХАР ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН И НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ. 1 . СЕЛЕКЦИЈА 2004/05 2.РШ.КАЛЕ -ВАРДАР 3.ЛУБЛИН Р.ПОЛСКА. ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ И ПРИПАДНА НА ИГРАЧОТ ОД ЛУБЛИН И ВО МАШКА КОНКУЕЦИЈА 1.ФИЛИП – ВАРДАР ПРИЛЕП 2.ПШЕВОРСКИ 3.РШ. КАЛЕ – ВАРДАР КИЧЕВО И ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН И ПРИПАДНА НА ГОЛМАНОТ ОД ФИЛИП- ВАРДАР АВРАМОСКИ ГОСТИТЕ ОД Р.ПОЛСКА ПОКРАЈ ОДИГРУВАЊЕТО НА ТУРНИРОТ ИМАА МОЖНОСТ ДА ГО ПОСЕТАТ И ОХРИД СО СЕТА НЕГОВА УБАВИНА И ДРАЧ ВО Р.АЛБАНИЈА ОД СТРАНА НА ДОМАЌИНОТ ИМ БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН И ЗАЕДНИЧКА ЗАБАВА И ПРОШЕТКА ВО ГРАДОТ И ЗА КРАЈ КАКО ШТО ДОЈДОА ТАКА И ЗАМИНАА „ВО ПЛАЧ“  ( ЖЕНСКАТА ЕКИПА БЕШЕ СМЕСТЕНА КАЈ НИВНИТЕ ВРСНИЧКИ ОД ДОМАЌИНОТ ) НЕКОЈ ПЛАЧЕА КОГА СЕ СМЕСТУВАА КАЈ НИВНИТЕ ДОМАЌИНИ И ПЛАЧЕА КОГА СИ ОДЕА ОД КАЈ НИВНИТЕ ДОМАЌИНИ. МОЖЕВМЕ ДА ЗАБЕЛЕЖИМЕ И СОЛЗИ И КАЈ НАС ПОВОЗРАСНИТЕ ЕМОЦИИТЕ БЕА ВИДЛИВИ. СПОРТОТ Е МАГИЈА НЕШТО ШТО ГИ ПОВРЗУВА НАРОДИТЕ БЕЗ РАЗЛИКА КОЈ НА КОЈА РЕЛИГИЈА ПРИПАЃА , НАРОД И НАЦИЈА. ДА ИМ ДАДЕМЕ ПОВЕЌЕ ШАНСА НА МЛАДИТЕ ДА НЕ ЗБЛИЖАТ НАС ПОВОЗРАСНИТЕ. И НА КРАЈ САКАМЕ ДА ИСКАЖЕМЕ ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОПШТИНА КИЧЕВО ГОСПОДИН- ФАТМИР ДЕХАРИ И СИТЕ НАШИ СПОНЗОРИ КОИ НЕСЕБИЧНО ГО ПОМОГНАА ОВОЈ НАСТАН КОЈ ЗА ПРВ ПАТ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ РШ.КАЛЕ ВАРДАР – КИЧЕВО ОД ТИМОТ НА РШ. КАЛЕ ВАРДАР КИЧЕВО