Од денеска почнува продажбата на поединечни билети за натпреварот од првото коло од Ц групата на Лигата на шампионите меѓу Вардар и ФТЦ Будимпешта. Овој дуел треба да се одигра на 6. октомври со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Овој меч ќе биде прв пред домашната публика во новата сезона во ЛШ. Билетите за овој натпревар ќе чинат 150 денари. Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.
Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – ФТЦ Будимпешта ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус.